Мбапе открива: Нејмар беше причина плус, за моето доаѓање во Париз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Ова беше неверојатно лето за тимот од Париз, најпрво дојде Нејмар, а потоа следеше трансферот на Мбапе, кој откри дека Нејмар бил причина плус што тој потпиша за ПСЖ.

Платија 222 милиони за потписот на бразилецот, Нејмар, а по само неколку дена го осигураа и Килијан Мбапе, кој дојде на едно годишна позајмица, но на крајот од сезоанта ПСЖ ќе мора да го плати 180 милиони на Монако.

18-годишниот играч со потпишувањето на договорот, стана вториот најплатен играч во историјата на фудбалот, а во едно интревју тој призна дека Нејмар имал голема заслуга за неговиот трансфер во ПСЖ.

„Да играте со Нејмар, е нешто необично, уште кога слушнав дека ПСЖ сака да ме види во нивниот дрес, одма бев заинтересиран“. – изјави Мбапе.

„Сите големи играчи, најпрво оставиле траг во својата земја, а дури потоа ако им се укаже добра шанса ја прифаќаат. Не сакав да ја напуштам Франција, само шест месеци откако почнав да играм на врвно ниво.“ – заврши Мбапе.