Челси не го вклучи Коста во составот за Лигата на Шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Диего Коста не е вклучен во составот на Челси за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Играчот на Челси е во родниот Бразил откако не се појави на претсезонските подготовки со клубот во очекување на трансфер во Атлетико Мадрид.

Со ваквиот потег Диего Коста ќе биде слободен да игра фудбал во најелитното натпреварување по евентуален трансфер во дресот на „јорганџиите“.

Манчестер Јунајтед пак, го вклучи Златан Ибрахимовиќ во составот и покрај најавите дека Швеѓанецот нема да биде подготвен за игра до почетокот на новата година.