Голем интерес за блок билетите за натпреварите на Вардар во Лига Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар е првиот претставник од Македонија кој ќе игра во едно од најголемите европски натпреварувања, Лигата на Европа.

Вардарци на 14. септември  ја започнуваат европската одисеја на домашен терен против Зенит од Санкт Петербург.

Од клубот во продажба пуштија блок билети за трите натпревари кои ќе се играат во Скопје, а денес не информираа дека до сега се продадени над 4.000 блок билети. Продажбата на блок билетите ќе биде до 10. септември, а потоа ќе почне продажбата на единечни билети за натпреварот со Зенит.