Охриѓани може да здивнат, Кобетиќ не мора на операција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на РК Охрид, Марко Кобетиќ на еден од последните подготвителни натпревари за клубот против Пелистер заработи повреда на коленото.

Во таборот на охриѓани стравуваа дека се работи за тешка повреда на лигаментите и дека го изгубија еден од нивните најдобри играчи за поголем дел од сезоната.

Сепак, по големиот успех во ЕХФ Купот против Волендам, уште добри вести стигнаа во градот под Самуиловите тврдини.

Марко Кобетиќ за среќа не мора да оди на операција и ќе биде комплетно подготвен да се врати на ракометните терени околу средината на месец ноември.