Младите репрезентативци тргнаа фуриозно, ја прегазија Арменија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Избраниците на Боби Милевски, младите фудбалери до 21 година, вечерва ја совладаа селекцијата на Арменија, со 3-0, во квалификациите за ЕП во 2019 година.

Младите македонски бисери беа далеку подобар противник од домаќинот Арменија, кој што многу грешеше, а КОстадинов во осмата минута една таква грешка ја претвори во гол, во 28-минута повторно грешка на Арменците и повторно Костадинов стрелаше прецизно. КОнечниот резултат беше поставен во 72 -минута со хет-трикот на Костадинов.

Следниот натпревар за нашите надежи е во Скопје на 6 октомври против Србија.