„Мојот рекорд ќе трае најмалку 15 години“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатиот месец својата кариера ја заврши еден голем спортист, Усеин Болт, човекот кој беше легенда на трките во 100 и 200 метри.

Тој држи рекорд од 9.58 секунди на 100 метри и 19.19 секунди на 200 метри и двата резултати постигнати во Берлин 2009 година.

„Мислам дека моите рекорди ќе траат некое време. Мислам дека ерата со Паул, Блејк и Гетлин ќе биде една од најголемите ери во историјата на атлетиката. Мислам дека овој резултат ќе остане на врвот уште некои 15, можеби и 20 години“ – вели Болт

Гетлин, неговиот колега и сограѓанин вели дека Болт нема да издржи многу во пензијата, но тој го одби своето враќање на патеките.

„Немам што повеќе да докажувам, тоа е причината поради која се повлеков. Кога ќе направиш се што си сакал да направиш, тоа значи дека нема повеќе за што да се бориш“- вели Болт

Најбрзиот на светот додаде и нешто за иднината.

„Нешто што отсекогаш сакав да го правам е тоа да играм фудбал“

Па, дали би можеле еден ден, Усеин Болт да го видиме во некој фудбалски тим, како фудбалер?