Буфон: Реал Мадрид нема потреба од Де Геа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон смета дека Реал Мадрид не треба да притиска за да го обезбеди потписот на Давид Де Геа затоа што тие веќе имаат одличен голман во Кејлор Навас.

„На Реал Мадрид не им недостасува ништо затоа што тие ги купуваат најдобрите играчи во последните десет години. Кејлор Навас е одличен голман, и покрај некои што се сомневаат во него. Тие освоија две титули во Лигата на Шампионите со него, а тој секогаш играше важна улога во победите на тимот. Сметам дека од Реал не треба да потпишат нов голман по резултатите прикажани во минатото“- коментираше Џиџи Буфон во ексклузивно интервју за шпанскиот весник „Марка“.

Познато е дека Реал Мадрид долго време го следи Давид Де Геа и се обидува на секој начин да го донесе во своите редови. Пред две години трансферот беше пред реализација но поради доцнење на документите истиот не се реализира.