Ангеловски: Нашата репрезентација има голем потенцијал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија вчера иако беше за класа подобра од репрезентацијата на Албанија не успеа да слави на стадионот „Младост“ во Струмица.

По завршувањето на натпреварот селекторот Ангеловски го даде своето мислење за мечот и потенцираше дека репрезентацијата има потенцијал.

„Сакам да им честитам на моите фудбалери за играта во текот на сите 90 минути. Од единствениот удар кон нашиот гол примивме гол, а ние имавме безброј шанси. Ризикувавме со уште два напаѓачи, но во фудбалот се брои кога ќе постигнеш гол, а ние дадовме само еден. Жалиме што кога имаме 21 удар кон противничкиот гол, а освоивме само бод. Најавив дека ќе го одиграме најдобриот натпревар во овие квалификации и ние тоа го направивме. Игравме против селекција која играше на последното Европското првенство, но игравме со офанзивен пристап. Освоивме четири бода од овие два тешки натпревари, сега сме на два бода од четврто место и ќе се обидеме да стигнеме барем до четвртото место. Мислам дека на крајот од овој циклус ќе освоиме повеќе бодови од претходните два циклуси заедно“- коментираше Ангеловски.

До крајот на квалификациите ни преостануваат уште натпревари со репрезентацијата на Италија на гости и Лихтенштајн на домашен терен.