Милевски: Големо браво за моите момци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата генерација на младата репрезентација на Македонија покажа и докажа дека има квалитет и потенцијал да го повтори историскиот резултат на нивните претходници.

Нашите млади репрезентативци на убедлив начин ги започнаа квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија.

Мора да кажам дека одигравме навистина одличен натпревар, а момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат максимално конкурентни и во овој квалификациски циклус. Може само да им честитам на начинот на кој одиграа во Ереван, и да кажам само едно големо БРАВО-коментираше селекторот на младинците, Благоја Милевски.

Македонија на крилата на Тихомир Костадинов кој постигна хет-трик славеше на првиот натпревар против Ерменија, а следен предизвик за нашите млади играчи ќе биде натпреварот против Србија на 6 октомври оваа година.