Работнички учесник на Генералното собрание на Европската асоцијација на клубови


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претставници на фудбалскиот клуб Работнички викендов во Женева беа присутни на Генералното собрание на Европската асоцијација на клубови (ЕКА) на кое за претседател беше избран првиот човек на италијанскиот гигант Јувентус, Андреа Ањели.

Девет години на чело на оваа организација беше Карл Хајнц Румениге кој минатиот месец објави дека не планира да се кандидира повторно за таа функција.

Покрај претседателот Ањели избран е и нов Извршен одбор, а на состанокот европските клубови дискутираа за низа новини и промени кои треба да ја подобрат фудбалската игра во иднина.