МЗТ Скопје загуби од Бујукчемече


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија на пријателскиот натпревар против турскиот тим на Бујукчемече со 86:75.

Турците ја контролираа играта во текот на сите 40 минути и сосема заслужено дојдоа до триумф. Бујукчемече имаше водство и од големи 28 поени беше намалено по една одлична серија на избраниците на Тодоров од 22:4. Сепак, МЗТ немаше сили до самиот крај да направи комплетен пресврт.

Бојан Трајковски со 17 поени беше најефикасен во таборот на „Металците“, додека пак Даниел Џенсен постигна 15 поени. Во редовите на Бујукчемече настапи и нашиот репрезентативец Војдан Стојановски кој постигна седум погодоци.

МЗТ Скопје утре во натпревар за третото место ќе се сретне со екипата на Цибона.