Никој не сака во Арсенал: Хулиан Дракслер не размислувал за …


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Хулиан Дракслер им соопштил на своите германски соиграчи дека, сакал да замине во Барселона, а не во Арсенал.

23-годишнот играч се почесто се споменуваше дека ќе заигра за Лондонски Арсенал, откако во Париз пристигнаа големи имиња и менаџерот на ПСЖ, му стави до знаење дека за него не ќе има место во стартниот тим, тој не сакал ни да слушне за  преселба во Англискиот тим.

Шпанскиот Мудно Депортиво, пренесува дека играчот тајно посакувал трансфер во Барселона, верувајќи дека шпанскиот гигант ќе дојде по него, по неуспешниот обид да се потпише Фил Кутињо.

Изворите пренесуваат дека и агентот на Дракслер заминал за Шпанија во последните денови од трансфер периодот, но на крајот ништо не се случи и тој остана во ПСЖ.

Арсенал на чело со Арсен Венгер, беше заинтересиран за услугите на играчот, уште од времето кога тој играше за Волфзбург, но играчот изјави дека ќе остане во Париз и ќе се бори за место во тимот.

„Со нетрпение очекува да ги видам моите нови соиграчи заедно во напад, (Мбапе и Нејмар), ако тие се платени по 222, односно 180 милиони сигурно дека ќе имаат предност пред мене, но јас ќе се борам за своето место во тимот.“ -изјави Дракслер.

„Не го напуштив Париз, затоа што верувам дека сеуште можам да добијам минутажа тука и ќе се изборам за тоа“. – заврши Дракслер.