Нов пораз за МЗТ на подготовките во Турција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа втор пораз на пријателскиот турнир „Езерски куп“ кој се одржува во Бујукчекмече, Турција.

Избраниците на Ацо Тодоров овој пат беа поразени од тимот на Цибона со 98:89. „Металците“ одиграа солиден натпревар и полека фаќаат натпреварувачки ритам пред стартот на новата сезона.

Доста расположени беа неколку кошаркари на клубот од Аеродром, а најмногу се истакна Брет Бејли кој натпреварот го заврши со 22 поени. Репрезентативецот Трајковски средбата ја заврши со 18 поени, додека Дамјан Стојановски застана на 17 поени. Одлични беа и Даниел Џенсен кој уфрли 15 и Ерик Гарсија кој натпреварот го заврши со 11 поени.

МЗТ ќе одигра уште еден пријателски натпревар во Турција. Утре со почеток од 13 часот аеродромци ќе се сретнат со Бакиркој баскет, тим од втората по ранг лига во Турција.