Навивачи на Барселона можат да се издишат, тој не оди никаде!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Барселона се загрижија дека наредното лето би можеле да останат и уште без еден свој важен фудбалер и легенда на клубот, Андрес Иниеста.

Договорот му истекува во јуни наредната сезона, а и самиот Иниеста имаше изјавено дека нема никакви преговори засега.

Многу екипи со отворени раце би го очекувале тој момент, за да го зграпчат Андрес, а нај прв во таа низа клубови е Јувентус.

Сепак, навивачите од Камп Ноу нема потреба да се грижат, бидејќи таткото на Иниеста изјави дека неговиот син нема да оди никаде.

„Го познавам својот син и тој секогаш ќе ја кажува вистината. Знам само дека тој никогаш нема да игра против Барселона“