Камбијасо објави крај на својата кариера!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Естебан Камбијасо го потврди крајот на својата кариера.

Камбијасо се пензионира во својата 37ма година.

Тој ќе остане запаметен по Реал Мадрид, таму играше во ерата на Галактикосите, но и по Интер со кого во 2010 ја освои својата единствена ЛШ титула.

Неговите витрини се големи, има титули од италијанското, шпанското, грчкото првенство како и од куповите, а има титула и од клубското првенство со Интер.

За репрезентацијата на Аргентина имаше 51 настап и не освои ништо.

Освен за Реал Мадрид и за Интер тој во својата кариера настапуваше и за Индепендиенте, Ривер Плате, Лестер, а последен клуб му беше Олимпијакос.