Барди на клупата за мечот со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помалку изненадувачки делува одлуката на тренерот на Леванте, Хуан Рамон Лопез Муњиз да го остави Енис Барди на клупата за резервни фудбалери за денешниот натпревар против Реал Мадрид.

Барди одигра фантастично на претходните два натпревари против Виљареал и Депортиво Ла Куруња, па се очекуваше и мечот против Реал да го започне од првата минута.

Во таборот на Реал пак ги нема Модриќ и Навас, а на нивно место ќе играат младиот Љоренте и Кико Касиља. Од првата минута ќе стартува и Тео Ернандез кој за овој натпревар ќе го замени Иско.