Јуре Лалиќ продолжува со МЗТ Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот кошаркар Јуре Лалиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на МЗТ Скопје.

Двете страни договориле продолжување на соработката и центарот ќе остане во Скопје и наредната сезона.

Лалиќ денес треба да пристигне во Скопје, а веќе во понеделник да ги помине задолжителните медицински прегледи по кои треба да му се стави на располагање на тренерот Александар Тодоров.

Се очекува Лалиќ да биде во составот на „металците“ за мини турнејата која клубот ќе ја има во Бугарија и Романија.