Требаше да биде дерби, но Балотели и другарите ги посрамотија фудбалерите на Монако (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Стефан Јоветиќ сигурно нема по добро да го памети своето деби во дресот на Монако.

Монако тргна силно во Француската Лига 1, врза четири победи, но денеска налетаа на тимот на Ница и Марио Балотели, кој ги спушти „кнезовите“ на земја и им покажа дека не се непобедливи.

Ница на својот стадион попладенво славеше со 4-0, во дербито на азурниот брег, во петтото коло од шампионатот на Франција, Балотели беше ѕвездата кај домаќините, тој постигна два од четирите гола.

За гостите од Монако, денеска дебитираше Стефан Јоветиќ, но црногорецот нема по добро да го памети овој ден, туку ќе сака што побрзо да го заборави, бидејќи неовиот тим беше посрамотен.