Манџукиќ го пропушта натпреварот со Барселона ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Јувентус може да биде во сериозни проблеми, бидејќи Марио Манџукиќ би можел да го пропушти патувањето во Барселона, откако тој денеска го напушти теренот шепајќи.

Хрватскиот интернационалец, падна на тревата држејќи се за левата нога, во победата на Јувентус над Киево со 3-0.

По укажаната лекарска помош, напаѓачот не можеше да се движи слободно, па го напушти натпреварот.

Болната гримаса на неговото лице додека го напушташе натпреварот би можела да значи и подолга пауза за одличниот фудбалер кој што е првотимец кај Алегри.

Јувентус во провото коло од групната фаза од Лигата на Шампионите ќе се сретне со Барселона, но најверојатно без услугите на Марио Манџукиќ.

Само да напоменеме дека Киелини, Маркизио и Кедира се веќе под знак прашалник за тој натпревар, а сега на таа листа се приклучи и Марио Манџукиќ.