Барселона му понуди доживотен договор на Иниеста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона му нуди доживотен договор на Андрес Иниеста.

Договорот на Иниеста му истекува наредното лето и се повеќе се зборува дека ќе замине од Камп Ноу, но Барселона сака да го задржи по секоја цена.

Како што наведува Мундо Депортиво, Барселона на Иниеста му нуди доживотен договор и тој кога сака може да одлучи кога ќе прекине со играње на професионален фудбал.

Секако ни самиот Иниеста не би имал ништо против тоа, па договорот би можел да дојде до обнова во многу брзо време.