Евробаскет: Латвија покажа сила, Црна Гора си оди дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Во првиот 1/8 финален натпервар денеска од Евробаскетот, селекцијата на Латвија ја прегази Црна Гора, со 100:68.

Уште една блескава партија на Латвијците предводени од нивната НБА ѕвезда, Кристопс Порзингис, кој беше незадржлив на паркетот.

Првата четвртина се играше рамноправна кошарка, но веќе во втората Латвијците се одлепија и се замина на пауза со 53: 37.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на Латвијците, кои несомнено беа подобрата селекција на денешниот натпревар.

Кај Црногорците се истакна Бојан Дуловиќ кој постигна 21 поен, Ник Вучевиќ, кошаркарот на Орландо, постигна 16 поени, но тоа не беше доволно за да се запре расположената Латвија, предводена од Порзингис кој 19 поени.

По победата над Црна Гора, Латвијците се пласираа во 1/4 финалето и о искечуваат својот противник.