Маркез победи во Сан Марино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот возач Марк Маркез ја оствари својата четврта победа во Мото ГП шампионатот оваа сезона по триумфот на трката за Големата награда на Сан Марино.

Утеха за домашната публика претставуваа останатите две места на трката откако Данило Петруци и Андреа Довициозо завршија на второто односно третото место.

Трибините на патеката „Марко Симончели“ беа исполнети со знамиња за поддршка на Валентино Роси кој ќе отсуствува одреден период поради двојна скршеница на потколеницата.

По победата на Маркез во генералниот пласман предноста на Андреа Довициозо во однос на Маркез се стопи и сега и двајцата имаат по 199 бодови. На третата позиција се наоѓа Вињалес кој е 16 поени зад водечкиот двоец.