Имобиле го сруши системот на Милан за 11 минути (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

Со победите над Кљари и Кротонe, навивачите на Милан, мислеа дека конечно нивниот клуб ќе се вивне во висините, таму кај што припаѓа, но денешниот прв посериозен тест против Лацио, покажа дека Монтела треба уште многу да работи со Милан.

Составот на Симоне Инзаги, беше фантастичен и го надигра Милан, а најдобар поеинец кај домаќините беше Имобиле кој постигна хет-трик и ја најави високата победа на Лацио над Милан со 4-1.

За само 11 минути Милан, доживеа потоп, во завршницата на првиот дел и во почетокот на втроиот, кога Имобиле ги постигна сите три гола, а потоа и му асистираше на Луис Алберто за четвртиот.

Единствениот гол за Милан го постигна Монтоливо.