Њукасл врза две победи со ред, по Вест Хем падна и Свонси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Момците на Рафа Бенитез полека влегуваат во ритам и по лошиот старт започнуваат со подобри резултати да се качуваат на премиерлигашката табела.

Њукасл беше поуспешен од екипата на Свонси на денешното гостување на „Либерти“ во вториот денешен натпревар во рамките од четвртото коло на Премиер Лигата.

Навивачите на Свонси имаа прилика да го видат своето ново засилување Ренато Санчес кое ќе ја помине оваа сезона во клубот од Велс. Сепак младиот фудбалер имаше лош деби настап и веднаш беше мета на критики на социјалните мрежи.

Згора на тоа домашниот тим и покрај неколкуте шанси беше поразен на овој натпревар со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше Џамал Ласкелс кој во 76. минута го најде патот до мрежата и донесе три бода за својот тим.