Готово е: Антиќ во Црвена Звезда

September 11th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Готово е: Антиќ во Црвена Звезда
Вести
0

Еден од најуспешните македонски кошаркари, Перо Антиќ го договорил трансферот во редовите на Црвена Звезда.

Поранешниот македонски репрезентативец треба да се приклучи на „црвено белите“ во четврток кога ќе ги започне и официјалните подготовки со тимот.

Како што дознава „Моцарт спорт“ Антиќ со Црвена Звезда ќе потпише едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на плус една година.

Перо Антиќ во својата кариера има играно во повеќе клубови ширум Европа, а најголемиот успех го постигна кога играше во НБА Лигата со Атланта Хокс. Тогаш Антиќ стана најстариот руки играч на Ол Стар турнирот.

Comments are closed.