Мурињо вели дека отказот на Де Бур е „неверојатен“, но не претставува изненадување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

 

 

Холандскиот стратег беше менаџер на Кристал Палас само 77 дена, што е „неверојатно“, откако тимот на Палас под негово водство, ги загуби сите четири оиграни натпревари досега.

Го отпуштија по само 77 дена, а минатата сезона беше отпуштен и од Интер Милан во 85 дена, Жозе Мурињо смета дека е „Неверојатно“ и нефер, но открива дека и тој беше отпуштен од Челзи, иако претходната сезона им донесе титула.

„Бев отпуштен од Челзи, иако предходната сезона бев шампион, Раниери, беше отпуштен иако му донесе историска титула на Лестер“. – изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

„Де Бур е отпуштен по само четири натпревари во новата сезона, но таков е животот, ништо не ме чуди и изненадува“.