Видео: Тричковски стрелец за АЕК Ларнака

September 11th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Видео: Тричковски стрелец за АЕК Ларнака
Вести
0

Екипата на АЕК Ларнака каде настапуваат македонските репрезентативци Даниел Мојсов и Иван Тричковски на убедлив начин, со 4:0 славеше против тимот на Ермис.

Мојсов го одигра целиот натпревар за АЕК, а во 37 минута имаше шанса да го совлада домашниот голман кога од 30 метри одлично шутираше од слободен удар, но Новак со одлична парада спречи радост за кавадарчанецот.

Нешто порано, Иван Тричковски успеа да го совлада украинскиот чувар на мрежата на Ермис. Крилниот фудбалер по една несмасна интервенција на одбраната на домаќините со глава ја смести топката во голот за високо водство од 3:0.

Тричко во 71. минута имаше уште една шанса за погодок, но по ударот со глава биеше право во голманот Новак. Веднаш по оваа шанса Тричковски ја напушти играта, а АЕК постигна уште еден гол.

Во дресот на Ермис свое деби имаше уште еден повремен македонски репрезентативец, Александар Дамчевски.

Comments are closed.