Агентот: „Хамшик не е повреден…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Застапникот на Марек Хамшик, неговиот агент открива дека играчот не е повреден и дека минутите кои што ги добива фудбалерот на Наполи оваа сезона се „Депресивни“.

Играчот од средината на теренот, три натпревари по ред е заменет, а од раководството на Наполи изјавија дека поради ситна повреда тренерот го вади порано од игра.

„Тој ја заврши минатата сезона со повреда, но преку летната пауза тој целосно заздраве и е спремен да игра по цел натпревар“. – Изјави агентот на Фудбалерот.

„Можеби тренерот не е задоволен од неговите партии, но Наполи се квалификуваше во Лигата на Шампионите, и успеа да ги победи првите три натпревари во Серија А, но секогаш очекуваат нешто повеќе од нивниот капитен“.

„Марек е добро, но тој секогаш игра по 60-тина минути што е премалку, но такава е одлуката на тренерот и ние ја почитуваме“.

Хамшик може да стане најдобар стрелец на клубот од Неапол, му фали само уште еден гол за да се изедначи со Диего Армандо Марадона.

„Сите се надеваме дека Марек ќе го надмине рекордот на Марадона, но за да се случи тоа, сметам дека Марек мора да ги игра натпреварите до крај.“- заврши менаџерот на играчот.