Мбапе: „Јувентус може да ја освои Лигата на Шампионите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Напаѓачот на Париз Сент Жермен, Килијан Мбапе верува дека е чудно што Јувентус не е меѓу фаворитите за освојување на Лигата на Шампионите.

Младиот играч, минатата сезона се соочи против Џиџи и компанија со Монако, во 1/2 финалето од Лигата на Шампионите и беше поразен.

„Чудно е што луѓето зборуваат само за Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, како главни фаворити за титулата“. – Изјави Мбапе за Газета Дело Спорт.

„Никој не зборува за одличниот тим на Јувентус кој што исто така е фаворит споредд мене, тие беа финалисти двапати во последните три години, да играте против нив е навистина многу тешко“. – Заврши Мбапе, кој смета дека Јуве и оваа година има сериозни шанси.