Барселона го испуштила Ди Марија за 10 милиони евра


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

 

Анхел Ди Марија, беше една од главните трансфер цели на Барселона, оваа лето, а француските весници пренесуваат дека играчот бил многу блиску до преселба на Камп Ноу.

Имало само мало несогласување околу цената на играчот, кој сакал да си замине од „Паркот на Принцовите“, кога слушнал дека Барселона е заинтересирана за неовите услуги.

Како што пишува „Љ Екип“, Каталонскиот клуб на Парижаните им понудил околу 45 милиони евра, и плус 5 милиони во бонуси.

Информациите пренесуваат дека ПСЖ бил спремен да го пушти Ди Марија ако Барса понудела 60 милиони, но Шпанскиот тим не бил подготвен да понуди повеќе од 50 милиони.