„Поради Модриќ заминав од Тотенхем“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Герет Бејл изјави дека Лука Модриќ е најголемиот виновник поради неговото заминување од Тотенхем.

Бејл во 2013 ораше по англиските терени и можеше да замине каде сака. Тој го одбра Реал но ништо од тоа немаше да се случи доколку не беше Лука Модриќ.

„Јас и Лука одлично се снаоѓавме. Тој е причината поради која заминав во Реал, бидејќи знаев колку тој вреди. Доста ми помогна да се навикнам на новата средина. После таков голем трансфер да имаш крај себе некој кој ќе ти помага е супер“ – вели Бејл