„Го подржуваме Билиќ и среќни сме поради победата“

September 12th, 2017 | by Dare Smilanov
„Го подржуваме Билиќ и среќни сме поради победата“
Англија
0

Конечно, Вест Хем ја доживеа својата прва победа оваа сезона и тоа над Хадерсфилд со 2:0.

После три порази, Вест Хем конечно победи и тоа на 49тиот роденден на Славен Билиќ кој сега може да спие мирно и има целосна подршка од играчите.

„Беше тешко но сите го подржавме Билиќ. Истрчавме на теренот и се боревме до крај и постигнавме 2 погодоци. Беше навистина тешко не среќни сме за победата“ – вели Енди Керол.

„Мило ми е што се вратив на теренот, морав да чекам долго. Конечно трудот се исплати. Се чувствувам одлично и се надевам дека лошите работи се веќе позади нас“ – додаде Керол

И останатите играчи се среќни поради тоа што Славен Билиќ ќе остане на клупата на Вест Хем.

Comments are closed.