Вардар прв победник на ракометниот Супер Куп


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оваа година за прв пат се одржа ракометен Супер Куп во нашата земја. Екипите на Вардар и Еурофарм Работник се сретнаа во историскиот прв суперкуп натпревар.

Ракометарите на Вардар очекувано славеа со 30:25 и станаа првите победници на Супер Купот.

Вардар беше доминантен во текот на целиот натпревар и без проблем го обезбеди својот петти трофеј.

Најпрецизни во редовите на Вардар беа Криштопанс, Шишкарев и Кањелас со по четири погодоци. Младиот голман Ѓорѓески доби шанса да го брани целиот натпревар и собра вкупно девет одбрани.