Мирољубиво реми на „Олимпико“, Челси го растури Карабах


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипите на Рома и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во првото коло од Лигата на Шампионите.

Гостинскиот тим од Шпанија беше многу поконкретен во своите напади и имаа неколку огромни шанси. Младиот Саул ја имаше најголемата во 92. минута кога ја погоди стативата од голот на Алисон.

Тимот на Челси пак го растури дебитантот во Лигата на шампионите, Карабах со 6:0. Вистински мајстории видовме на „Енфилд Роуд“ во првиот дел. Педро и Запакоста постигнаа одлични голови за водство на домашниот тим во првиот дел.

Во второто полувреме избраниците на Конте до врв ја наполнија мрежата на Сехиќ.  Аспиликуета, Бакајоко, Батсуаи и Медведев кој си постигна автогол ги постигнаа головите до крајот на натпреварот.