Стефан Јоветиќ го „предвидел“ својот трансфер во Монако


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Поранешниот напаѓач на Интер, Стефан јоветиќ, изјави дека го предвидел трансферот во Монако, зборувајќи со својата девојка тој ја прашал „Тие се голем клуб зошто не се заинтересирани за мене“?

Јоветиќ го напушти Интер, за да му се приклучи на Монако, оваа лето, а Црногорскиот репрезентативец верува дека земањето на дресот со број 10, кој пред тоа го носеше Мбапе, не е случјано.

„Ќе ви кажам една приказна“ – изјави Јоветиќ за Goal.

„Бев во Интер и си помислив што би можело да се случи. Зборував со мојата девојка, па си помислив: Монако е голем клуб, зошто сеуште не ме контактирале“?

„Следниот ден добив повик од мојот агент, кој ми рече дека Монако е заинтересиран за мене. Јас бев возбуден и среќен, бидејќи со девојката веќе зборувавме за таа опција“.

„Не размислував многу за понудата, ја прифатив и еве ме, среќен сум што ќе играм за Монако.“

„Знам дека и Марсеј се интересираше за мене, но никоаш не реков дека сакам да одам таму и тие го знаеја тоа“. – заврши Јоветиќ.