Евробаскет: Словенска сензација, предводена од Лука Дончиќ (ВИДЕО)

September 13th, 2017 | by Jordan Tancev
Евробаскет: Словенска сензација, предводена од Лука Дончиќ (ВИДЕО)
Вести
0

 

 

Селекцијата на Словенија е во 1/2 финалето од годинешниот Евробаскет, кој се игра во Турција, откако синоќа во најинтересниот и драматичен, натпревар, ја совладаа селекцијата на Латвија.

Имаше 21 секунда до крајот, Латвија намали на 94:97, и направи прекршок за слободни фрлања над 18-годишниот Лука Дончиќ, на кого раката не му се затресе, па ги погоди клучните слободни фрлања и донесе водство од 99:94.

На 15 секудни до крајот, Порзингис шутира тројка и промашува, Дончиќ фаќа дефанзивен скок, ја води топката и е фаулиран повтроно за две слободни фрлања, но и овој пат тинејџерот покажа зошто го сметаат за најголем европски талент, па ги погодува и двете фрлања и носи недостижна предност од 101:94.

Кошаркарот на Реал Мадрид, натперварот го заврши со извонреден учинок од 27 поени и 9 скока.

Во селекцијата на Латвија, како и обично најдобар Кристопс Порзингис, ѕвездата на Њу Јорк Никс кој уфрли 34 поени, но не беа доволни за да ги спаси Латвијците од пораз.

 

 

Comments are closed.