Марсело останува верен на Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од редовите на Реал Мадрид потврдија дека левиот бек Марсело потпишал нов договор.

Бразилскиот интернационалец кој е незаменлив на левата позиција во одбраната во клубот ќе остане до јуни 2022 година.

Марсело кој во Реал Мадрид дојде од Флуминенсе во 2007 година ќе се појави пред медиумите на прес конференција во текот на утрешниот ден.