Ливерпул со промашен пенал ремизираше против Севиља, нерешено и во Словенија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лошо почнаа, се поправија, отидоа со водство на пауза и промашен пенал и на крајот завршуваат со само еден бод на табелата, тоа е Ливерпул.

Севиља дојде до рана предност уште во 5тата минута со голот на Бен Једер, но на Фирмињо му требаа ништо повеќе од 15тина минути за да го изедначи резултатот.

Водството за Ливерпул во 34тата минута го доведе Салах.

Фирмињо беше херој за изедначувањето, но пред финишот на првиот дел беше и трагичар исто така со промашениот пенал. Сепак и покрај тоа, Ливерпул на пауза замина со водство од 2:1.

Кореа беше човекот кој на Севиља и донесе бод оваа вечер на Енфилд со погодок во 72рата минута.

Во судиското надополнување Гомез доби втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Во Словенија беше мирно на теренот, но не и на трибините каде што руските хулигани беа доста немирни, а од страна на Марибор имаше навистина лоша организација на натпреварот. Во првото полувреме немаше голови, првиот падна дури во 59та минута кога Самедов стрелаше за водство на Спартак, но 5 минути пред крајот на натпреварот Бохар изедначи за Марибор.