Бешикташ убедлив во Португалија, реми во Лајпциг!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бешикташ убедливо со 3:1 славеше против Порто на Драгао.

Уште во 13тата минута Талиска го доведе турскиот тим во водство, а Тошиќ после 8 минути направи грешка и постигна гол но во својата статива што го доведе Порто до изедначување. Не траеше долго тоа изедначување на Порто, Бешикташ брзо тимски ја поправи грешката на Тошиќ, а погоди Тосун. Победата ја загарантираа во 86тата минута кога Бабел стрелаше за конечни 3:1.

Во Лајпциг имаше бурно прво полувреме, но мирно второ.

Домаќините поведоа со погодок на Форсберг во 33та минута, но Тиелманс брзо им врати, само после една минута игра Монако изедначи и го постави конечниот резултат на овој натпревар.