Грнчаров: Се надевам навивачите ќе дојдат во голем број


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот на екипата на Вардар, Бобан Грнчаров на вчерашниот прес кажа дека се надева на поддршка од трибините за Вардар да дојде до нов триумф на домашен терен во европските натпреварувања.

Популарниот Грне истакна дека Вардар нема да се уплаши од големиот Зенит и дека на тревникот на „Филип Втори“ ќе истрча со офанзивен фудбал.

„Верувам дека утре ќе играме офанзивно, на гол повеќе од противникот. Играме на нашиот стадион пред нашата публика. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број да нè поддржат. Играме одлично дома во Европа, од три натпревари имаме три победи, и посакуваме утре да ја продолжиме таа серија и да ги освоиме првите бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Немаме што да загубиме, туку можеме само да добиеме во ова натпреварување. Кога почнавме да играме во Европа, нашата цел беше да влеземе во групната фаза од Лигата на шампионите. Но не успеавме со поразот во Копенхаген. Меѓутоа ниту групната фаза од Лигата на Европа не е за потценување. За нас е големо достигнување, среќни сме што сме тука, и сега ќе дадеме се од себе за добар резултат“-коментираше Грнчаров.

Капитенот на Вардар ќе се врати во составот по одлежаната суспензија поради црвениот картон заработен против Фенербахче во првиот натпревар. Друштво на стоперската позиција веројатно ќе му прави Даре Велковски кој во Истанбул одигра одличен натпревар во партнерство со Новак кој сега не е во комбинација.