Убави најави од Турција: Мендеш го посакува Елмас како свој клиент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во Турција шпекулираат дека светски познатиот фудбалски агент, Жорге Мендеш го посакува нашиот Елиф Елмас како свој клиент.

Португалецот пројавил интерес за ангажман на Елмас уште кога ФИФА ја дала конечната одлука за неможноста Елмас да биде регистриран како играч на Фенер.

Доколку се остварат најавите ова ќе биде од огромна важност за развојот на иднината на нашиот репрезентативец затоа што Мендеш со сигурност е најдобриот фудбалски агент на денешницата. Под негово покровителство се играчи како Роналдо, Диего Коста, Хамес, Ди Мариа, Де Геа, Фалкао и многу други светски ѕвезди.

Да се надеваме дека во списокот набрзо ќе влезе и Елиф Елмас.