Скок од 32. позиции за Македонија на ранг листата на ФИФА

September 14th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Скок од 32. позиции за Македонија на ранг листата на ФИФА
Македонија
0

Репрезентацијата на Македонија по победата над Израел и ремито со Албанија во Струмица забележа скок од 32. позиции на најновата ранг листа која ја објави ФИФА.

Нашата репрезентација сега се наоѓа на 103. место на најновиот ранкинг и тоа претставува значаен скок ако се земе фактот дека пред само неколку месеци бевме на мизерното 166. место на истата листа.

По големиот скок после победите над Лихтенштајн и Белорусија кога се искачивме за 31. позиција следи и денешниот во кој сме подобри за една позиција.

 

Comments are closed.