Иско го продолжи договорот со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на „Кралскиот Клуб“, Иско Аларкон го продолжи својот договор со Реал Мадрид.

Шпанскиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабе“ ќе остане до 30 јуни 2022 година откако потпиша нов петгодишен договор.

Утре ќе има и официјално потпишување на истиот во конференциската сала во стадионот.

Пред само неколку дена верноста со клубот ја продолжи и Марсело кој исто така ќе остане на „Бернабе“ до 2022 година.