Неславно деби за Вардар во Лигата на Европа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар неславно со пораз ги отвори настапите во второто по ранг натпреварување во Европа, Лигата на Европа.

Избраниците на Манчини со три гола во првиот дел го решија прашањето на победникот на овој натпревар. Кокорин погоди два пати во 6. и 21. минута, а третиот гол за гостите од Русија го постигна Дзјуба.

Вардарци беа преимпресионирани и изгореа во желбата за добро претставување во воведното коло од групната фаза.

Во вториот дел избраниците на Чеде Јаневски заиграа нешто подобро, но за жал не го најдоа патот до мрежата на Лунев. Наместо тоа Ивановиќ и Ригони ја погодија мрежата на Гачевски и го поставија конечниот резултат на натпреварот.