Нелоски претставен во Кобург


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Нелоски оваа сезона ќе игра во дресот на Кобург, во втората по ранг германска лига.

Нашиот репрезентативец во Кобург ќе игра како позајмен ракометар од редовите на Хутенберг кој го откупи неговиот договор.

Нелоски во Кобург доаѓа како замена за еден од најдобрите играчи на клубот, Том Ветцел кој има повреда и долго ќе отсуствува од терените.

„Марко Нелоски  е еден од најголемите таленти во македонскиот ракомет и на млади години веќе има големо искуство што го има стекнато во Лигата на Шампионите и сениорската репрезентација на Македонија. Тој може да биде многу интересен за нас“- коментираше директорот на Кобург, Лотар Вебер.

Тренерот на клубот од Германија, Јан Гор истакна дека во светот на ракометот има малку играчи со 21 година што имаат толкаво искуство.

„Има малку играчи кои имаат 21 година а имаат големо искуство. Марко ќе ни донесе многу за да ни помогне во моменталната состојба“ –истакна Гор.

Нелоски ќе има можност да дебитира уште денес на натпреварот против Балинген кој се игра во 20:00 часот.