Почнува новата сезона во ракометната Лига на шампиони


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со денешниот дуел од групата Д меѓу Мотор Запорожје и Чеховски медведи и официјално ќе биде означен стартот на новата сезона во машката ракометна Лига на шампиони.

За првпат во историјата, Вардар ќе ја има улогата на бранител на трофејот. „Вардарци“ се дел од групата A заедно со тимовите на Барселона, Рајн Некар Левен, Загреб, Висла Плоцк, Пик Сегед, Кристијанштад и Нант.

Македонија повторно ќе има два учесници во Лигата на шампионите, па Металург е дел од групата Д заедно со Монпелје, Спортинг Лисабон, Бешикташ, Мотор Запорожје и Чеховски медведи.

Во рамките од првото коло „металурзите“ в сабота му гостуваат на Монпелје, додека Вардар одбраната на круната ја почнува со неделното гостување против Висла во Полска. Денес на програмата е и мечот од групата Ц помеѓу швајцарскиот Кадетен и норвешкиот Елеврум.