Херојски подвиг на вардарци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар утре го игра првиот натпревар во рамките од Лигата на Шампионите против полскиот претставник, Висла Плоцк.

Вардарци утрово отпатуваа за Полска, а на летот Скопје- Виена експедицијата на Вардар доби аплауз и голема благодарност од екипажот и останатите патници.

Имено, херои на летот биле физиотерапевтите на екипата Димитар Маневски и Виктор Стојанов кои околу 40 минути биле покрај патник кој уште при самото полетување имал проблеми и колабирал. Двоецот на Вардар го стабилизирал патникот и неговото здравје пред истиот да биде преземен од лекарските екипи во Виена.