Нема крај на проблемите за Кристал Палас


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристал Палас и со новиот тренер Рој Хоџсон ја продолжија истата „песна“ откако забележаа нов пораз, овој пат против Саутемптон.

Во првиот денешен натпревар од Премиер Лигата избраниците на Маурисио Пелегрино со 1:0 славеа на гостувањето кај тимот кој има очаен старт во новата сезона.

Гостинскиот тим подобро го отвори натпреварот и беше посконцентриран во нападот, а водството на тимот го донесе Стивен Дејвис уште во шестата минута од натпреварот.

Рубен Лофтус Чик и Кристијан Бентеке не успеаја да го изедначат резултатот уште во првиот дел. Во второто полувреме фудбалерите на Саутемптон беа сконцентрирани на одбрана на резултатот и од Кристал Палас имаа јалови напади кон нивниот гол.

На крајот гостите го однесоа цел плен од „Селхрст Пар“, а пред Рој Хоџсон преостанува уште многу работа доколку сака да го извади тимот од кризата во која е западнат.