Фетел на пол позиција во Сингапур

September 16th, 2017 | by Pavel Kotaleski
Фетел на пол позиција во Сингапур
Мотоспорт
0

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел ја освои пол позицијата во квалификациите пред трката за Големата награда на Сингапур.

Фетел возеше одлично на патеката „Марина Беј“ и го постигна рекордното време на патеката поминувајќи еден круг за 1:39.491. Од втората позиција ќе тргне младиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен кој беше само за 323 илјадити делови од секундата зад Фетел.

Од вториот ред ќе стартуваат Даниел Рикардо и Кими Раиконен, додека главниот конкурент на Фетел за титулата, Луис Хамилтон ќе стартува од петтата позиција.

Трката за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина Беј“ ќе се вози утре со почеток во 14:00 часот.

Comments are closed.