Манчестер Сити со шест „парчиња“ за Вотфорд, Ливерпул со нов кикс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


фудбалерите на Манчестер Сити беа немилосрдни и со огромни 6:0 го декласираа Вотфорд во натпреварот кој се играше на „Викариџ Роуд“.

Својата голгетерска серија ја продолжи Серхио Агуеро кој беше стрелец на три погодоци. „Граѓаните“ како и пред неколку дена во Лигата на Шампионите на полувреме водеа со 3:0, а во продолжение го дотолчија својот противник. Покрај Агуеро стрелци на головите за Сити беа Габриел Хесус, Николас Отаменди и Рахим Стерлинг кој погоди од белата точка.

Сити со оваа победа значително си ја подобри гол разликата и дојде до првото место, но имаат и натпревар повеќе од својот ривал од соседството.

Ливерпул не успеа на својот „Енфилд“ да запише три бода против Барнли кој одлично се бранеше во финишот на мечот. Тимот на Клоп беше доминантен, упати дури 35 удари кон голот, но само еднаш ја затресе мрежата на Ник Поуп.

Барнли поведе во 27. минута по уште една почетничка грешка на одбраната на Ливерпул. Матип и Клаван реагираа лошо, а Ерфилд  ја искористи нивната грешка и го матираше Мињоле. Радоста на гостите траеше кратко затоа што по само три минути Мухамед Салах го изедначи резултатот.

Фудбалерите на Ливерпул потоа ја презедоа иницијативата, но не можеа да најдат решение за расположениот Поуп на голот на Барнли.

Њукасл против Стоук ја запиша втората последователна победа, трета во оваа сезона и со девет бодови сега се на делба на третото место со тимот на Челси.

Натпреварот помеѓу ВБА и Вест Хем заври без голови, додека бодовите ги поделија и Хадерсфилд и Лестер (1:1).